Има лекарска грешка во третирањето на малото девојче кое почина во Охрид, дознава Сител
Дали има лекарска грешка во случајот со смртта на 2 годишното дете од Охрид кое почина на крајот на август во охридската болница? Обдукцијата отвара сомнеж, Сител дознава дека Министерството за здравство ќе бара кривична одговорност. се анализираат сите аспекти околу третнамот на девојчето кај кое лекарите првично дијагностицирале вироза.
Министерството за здравство ќе бара кривична одговорност за смртта на 2 годишното девојче кое почина во август во Охридската болница, дознава Сител. Деновиве здравствени инспектори ги анализирале сите документи во однос на третманот на детето кај кое првично била дијагностицирана вироза. Сомнеж отворил обдукцискиот наод кој покажа дека девојчето починало од сепса. Според неофицијалните информации на Сител на пациентот не му е направена крвна слика. Од ресорното министерство потврдија дека за конкретниот случај се собираат информации и документи. Неизвесно е дали во истрагата ќе биде опфатено едно или повеќе лица кои тој ден биле на смена во болницата во Охрид.
- Откако ќе се комплетира целокупната документација, МЗ согласно законските надлежности ќе покрене конкретни дејства за евентуално санкционирање на одговорните лица во конкретниот случај, одговорија од Министерството за здравство.
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
