Македонија
14. November 2022 - 20:12

Има ли раскол во Алтернатива околу Беким Сали?

Раскол во владиниот коалиционен партнер Алтернатива. Доскорешниот шеф на кабинет на министерот за здравство побара  разрешување на Беким Сали кој до неодамна му беше претпоставен. Меритон Цивули заедно со уште 10-тина сопартијци од чаирскиот огранок изразија незадоволство од работењето и не извршување на програмата од страна на Сали. Тие со собрани потписи испратени до претседателот на партијата инсистирааат Африм Гаши да го смени од позицијата.

-Одлучивме да излеземе во јавноста бидејќи загриженоста ја упативме до претседателот на партијата, но тој не одговори, го повикуваме огранокот, поточно претседателот на партијата Африм Гаши, во рок од 10 дена да покрене постапка за разрешување“, изјави Меритон Цивули, од чаисркиот огранок на алтернатива.

Беким Сали не сакаше да го кометира барањето негова оставка од страна на сопартијците предводени од неговиот до скоро најблизок соработник во министерството и не упати да се повикаме на партиското соопштение кое беше испратено од претседателот на чаирскиот огранок. Тиа пак се задоволни од работењето на нивниот кадар министерот за здравство.

-По барањето на неколку активисти од огранокот на АлтернАтивА на Чаир, кои имаа

забелешки на работата на министерот за Здравство, Д-р Беким Сали, сакам да објаснам дека

во органите на Огранокот на Чаир немало никакви жалби и незадоволства кон ниту еден

функционер на партијата. Затоа денешната реакција нема никаква врска со Огранокот на Чаир, туку може да биде

резултат на личните незадоволства. стои во соопштението потпишано од Фатон Фазлиу.