Имаат само 16 и 17 години, а покажаа голема хуманост: Лука и Дони израдуваа првачиња во Бутел
Младите Лука Јоакимовски (16) и Дони Божинов (17), кои се дел од организацијата на Меморијалниот турнир „Златко Божинов – Божо“, реализираа хуманитарна акција во пресрет на новата учебна година.
Тие донираа училишни ранци и комплетен училишен прибор за првачињата од македонската паралелка во ООУ „Панајот Гиновски“ во Општина Бутел.
Во рамки на хуманитарната акција биле обезбедени и дополнителни пакети за семејство од скопската населба Чаир.
Лука и Дони веќе петта година учествуваат во организацијата на Меморијалниот турнир „Златко Божинов – Божо“, кој се одржува во спомен на Златко Божинов.
Со оваа акција младите организатори сакаат да испратат порака дека спортот и заедништвото можат да бидат поттик и за хуманост и помош на оние на кои им е потребна.
Нивната иницијатива е уште еден пример дека и младите можат активно да придонесуваат во заедницата и преку мали, но значајни дела да направат разлика.




Ново на Сител
-

Стресот и анксиозноста сѐ поприсутни кај младите, стереотипите ги кочат да побараат помош
-

Преглед на вестите од светот
-

Тоше живее во секое добро дело - детската улица се претвори во песна, а споменот во емоција
-

Тема на денот со Жанета Трајкоска, директорка на Институтот за комуникациски студии
-

19 години без Тоше – маратонците денеска пристигнаа од Нова Градишка во Крушево
-

Тоше живее во секое добро дело - детската улица се претвори во песна, а споменот во емоција
-

Истрагата за бегството на Ива Михаилова ќе биде презентирана пред НАТО
-

Пола милион за две фирми преку спорни тендери во УХМР, кривична за екс директорот
