Инфлацијата расте, виновни за високите цени се маркетите и увозниците, Пазарна казнува
Цените вртоглаво растат, инфлацијата не стивнува. Статистиката измери дека трошоците за живот во февруари изнесуваат 5%, додека цените на мало се зголемиле за 4,2 отсто. Поскапело речиси се. Најмногу, за 6,6% храната и пијалоците. Според статистиката, за една година мастите и маслата се продаваат за над 11 отсто поскапо, зеленчукот, скоро 9%, млекото, сирењето и јајцата над 8. Премиерот за ваквите бројки вели дека се однесуваат кога не беше на сила владината мерка за ограничување на маржите. Очекува пониска инфлација од март
Виновни за високите цени се и трговците и дистрибутерите. Со маржи до 70%, ги пумпале цените на храната, објави Пазарна. За сега казнети се 8 субјекти, од кои 3 помали маркети и тројца најголеми увозници на овошје и зеленчук , но и една аптека. Ќе плата 43,000 евра глоба
Во анализите што ги правевме, кај маркетите беа увидени маржи од пет до 20 отсто за најобртните производи и над 30 проценти кај помалку обртните и непрехранбените производи: за лична хигиена, хемиски средства, бебешка храна, пелени, додека кај увозниците се увидени бруто профитни маржи - увоз до фактура кон маркет 30 до над 50 отсто. Повторно апелирам, трговците да ги почитуваат законите и владините одлуки.
Во моментов се проверуваат уште 30ти трговски субјекти, каде ги има сите поголеми ланци на маркети.
Растот на цените на храната, според директорот на пазарна, нема да се спречи си замрзнување на цени и маржи. Потребни се долгорочни решенија, со законски измени, а дел од нив веќе се подготвуваат во министертство за економија.
-
Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар