Иницијативата „Кој е следен“ бара реформи во правосудството
Бескомпромисно спроведување на законите, јакнење на свесноста и чистка за корумпираните.. Ваква порака испратија универзитетски професори и правни експерти од форумот организиран од иницијативата „Кој е следен?“ на кој дискутираа за недостатоците на правниот систем и неказнивоста по сообраќајката на Партизанска..
Според правните експерти, внимание треба да се посвети и на законите со кои се регулираат правата и обврските на децата.. Велат, недостасува систем кој ќе ги научи децата што е целта на казнувањето..
За ниската доверба во правосудството и сликата на неказнивост според експертите најголема вина имала фелата.. Судиите и обвинителите не се интересирале за состојбите, а ниту иницирале реформи за својата работа..
Во меѓувреме, и пратениците разговараа за измени на законите кои треба да донесат поголема безбедност во сообраќајот..
-
Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар