Истрага против 20-годишник за компјутерска измама, злоупотреба на лични податоци и детска порнографија

Основното јавно обвинителство Тетово отвори истрага против 20-годишен жител на тетовското село Голема Речица, осомничен за компјутерска измама, злоупотреба на лични податоци и производство и дистрибуција на детска порнографија.
Како што соопшти Обвинителството, во рамки на повеќемесечни предистражни дејствија координирани од јавен обвинител биле обезбедени докази кои упатуваат на основано сомнение дека осомничениот сторил кривично дело „Компјутерска измама“.
Според наводите, во периодот од 2025 до 2026 година тој администрирал нелегална група на комуникациската апликација „Телеграм“, преку која нудел услуги и софтверски алатки за измами поврзани со незаконско враќање парични средства.
Осомничениот се товари и за кривично дело „Злоупотреба на лични податоци“, бидејќи, според истрагата, бил администратор на домејни и веб-страници поврзани со платформата „OLVX“, која функционирала како нелегален пазар за продажба на украдени дигитални податоци, софтверски алатки и услуги наменети за извршување кривични дела.
Од Обвинителството наведуваат дека корисници на платформата биле лица инволвирани во сајбер-криминал, кои купувале и продавале лични податоци и пристапни акредитиви за кориснички сметки.
Во периодот на нејзиното функционирање биле понудени повеќе од 1.500 украдени пристапни податоци на физички и правни лица.
По наредба на судот, а по барање на јавен обвинител, бил извршен претрес кај осомничениот, при што биле одземени два мобилни телефона.
При увид во еден од уредите, во скриен фолдер биле пронајдени 29 видеозаписи со експлицитна содржина, поради што против него е поведена истрага и за кривичното дело „Производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Имајќи ја предвид тежината на делата што му се ставаат на товар, како и опасноста од бегство и можноста да продолжи со извршување кривични дела, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот суд Тетово доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот.
МИА
Ново на Сител
-

Бугарското МВР ја добило меѓународната потерница за Михаилова, не презеле ништо за нејзино лоцирање
-

Партиите си ја префрлаат вината – Кој го дозволи бегството на Ива Михаилова
-

Груби „победнички“ излезе од куќен притвор
-

Лични прозивки и сериозни обвинувања на седницата за поставување опозициски прашања
-

Герасимовски: ДУП-от за Барутана нема да оди на гласање без целосно да се испита теренот
-

На Инфективна почина 66 годишна пациентка со западнонилска треска
-

Запленети и безбедно уништени два тони небезбедна храна на зелениот пазар во Ченто
-

Бизнис Арена 2026: Како вештачката интелигенција како глобален предизвик влијае врз домашните компании?
