Истрага против четири лица за пронајдени дрога и оружје во Брвеница

Основното јавно обвинителство Тетово поведе истражни постапки против четири лица по претресите во Брвеница, во кои беше пронајдена наркотична дрога и оружје. Тројца од нив се осомничени за кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи“ од член 396 од Кривичниот законик.
Како што информира државното Јавно обвинителство, кај еден осомничен биле пронајдени пиштол со два куршуми во рамка и уште 20 куршуми за автоматска пушка. Кај друг осомничен полицијата пронашла 55 куршуми, oд кои 53 куршуми боева муниција забранета за граѓаните, додека кај третиот бил пронајден пиштол без шаржер.
Четвртото лице кај себе држело 3,15 грама кокаин во моментот на претресот, поради што му е поведена истрага за „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ од член 215 од Кривичниот законик, соопши државното Јавно обвинителство.
По краткотрајниот 48-часовен притвор за обезбедување докази, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Тетово достави предлог за определување мерка притвор за тројца осомничени, додека за еден се предложени мерки на претпазливост.
МИА
Ново на Сител
-

Утре нов протест за дислокација на Усје, од цементарницата тврдат дека работат според Закон
-

Матичните гинеколози бараат од МЗ и ФЗО јасно дефинирање на услугите за пациентките кои ги покрива државата
-

Кратењето на буџетот за ретки болести може да го загрози животот на пациентите
-

Преглед на вестите од светот
-

Трендафилов: Нека се подготват за блокади идната недела
-

Околу 80 талентирани ученици од Струмица ќе бидат стипендирани во наредните девет месеци
-

Брана „Калиманци“ речиси полна, „Гратче“ на прелив
-

Преглед на вестите од светот
