Италија воведе забрана за бурки и никаби во училиштата – казни до 1.000 евра
Италијанската влада воведе забрана за носење облека со која целосно се покрива лицето во училиштата, што ги опфаќа и бурките и никабите.
Мерката е дел од новиот декрет за образованието, со кој се забранува учество во наставни и воннаставни активности доколку лицето е покриено на начин што не овозможува негова идентификација.
За прекршување на забраната се предвидени парични казни од 200 до 1.000 евра. Доколку станува збор за малолетно лице, казната ќе ја плати родителот или старателот.
Со истиот декрет се предвидува и ограничување од 30 отсто за одредени категории ученици со странско државјанство во првите одделенија и класови. Мерката, според италијанските власти, има за цел да го подобри познавањето на италијанскиот јазик и да ја олесни интеграцијата на учениците во образовниот систем.
Новите правила се дел од пошироките промени во италијанското образование, а декретот треба да ја помине и предвидената парламентарна постапка.
Ново на Сител
-

Општина Охрид се подготвува за затворање на депонијата Буково
-

Дрвокрадството во последните неколку години намалено за 30 отсто
-

Преглед на вестите од светот
-

Нацрт – предлог на ЕУ – за Албанија “патокази, за Македонија економски придобивки“
-

Тема на денот со Марјан Ѓорчев, поранешен амабасадор во Софија
-

Мицкоски: Владините мерки за поевтини горива ќе чинат над 100 милиони евра, можен втор ребаланс
-

Преглед на вестите од светот
-

Нови детали од планот на Фон Дер Лајен
