Македонија
25. October 2018 - 17:17

Иванов: И Самоиловото царство пропаднало поради превртливоста на елитите кои менувале страни од интерес

Актуелните политички случувања во Македонија претседателот Ѓорѓе Иванов ги поистовети со пропаѓањето на Самуиловото царство. Шефот на државата обраќајки се на национална конференција во Охрид направи паралела на настаните од пред еден милениум и денес.

- Пред еден милениум Самуиловата држава се соочувала со слични предизвици како и современата македонска држава – Република Македонија. Тие предизвици се негирање, непризнавање, обиди за блокада, изолација, погрешно именување. Од нас зависи дали ќе ја зачуваме академската слобода или на идните генерации во наследство ќе им оставиме цензурирана и фалсификувана историја, истакна Ѓорѓе Иванов, претседател на Р. Македонија.

Според претседателот Иванов со договорот од Преспа се негираат правата на самоопределување  и слобода на мислење и изразување.

- Авторите на текстот на Договорот од Преспа, кои и да се тие, покажуваат или елементарно непознавање на балканската историја или загрижувачка индиферентност кон сложените процеси на градење балкански идентитети. Искрено, не знам која од овие две алтернативи е полоша, рече македонскиот претседател.

Во својот говор на научната конференција Иванов повика да не се дозволува политизирање на историската наука и „создавање политички коректна историја“.