Македонија
22. May 2026 - 14:03

Избегната трагедија во Драчево: Зрно од огнено оружје погодило малолетник во училишен двор

Вистинска вознемиреност предизвикал инцидент во Драчево, откако малолетник за време на тренинг во двор на основно училиште почувствувал удар во пределот на грбот, по што забележал зрно од огнено оружје.

Според информациите, случајот бил пријавен во СВР Скопје на 21 мај во 19:45 часот од страна на 37-годишен жител на Скопје. Детето, за среќа, не се здобило со повреди.

Полицијата работи на расчистување на случајот и презема мерки за утврдување на околностите под кои зрното завршило во училишниот двор.