Изминатите два дена 1455 сообраќајни прекршоци на територија на цела држава, 348 за брзо возење
Во текот на изминатите два дена (13./14.08.2025) како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализириаат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 1455 издадени платни налози дури 145 прекршоци се однесуваат на возачи кои што учествувале во сообраќајот без возачка дозвола. Истовремено 20 возачи возеле под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, додека пак 179 возачи на мотоцикли се санкционирани заради неносење на заштитен шлем.
Инаку согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата најмногу прекршоци во текот на викендот 384 се однесуваат на непочитување на пропишаната брзина на движење, 343 за недозволено паркирање, додека пак прекршочно се санкционирани уште 51 возач за некористење сигурносен појас, 31 заради користење мобилен телефон при возење, 27 минале на црвено светло, а седум возачи се санкционирани поради не исполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата.
Исто така, а согласно Законот за возила, 39 возила биле отстранети од сообраќај заради тоа што биле нерегистрирани.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.
Ново на Сител
-
СДСМ пак предлага минималец од 500 евра, ВМРО-ДПМНЕ чека договор меѓу синдикатите и работодавачите
-
Петрушевски: Каде се СДС сега да го нападнат главниот обвинител Коцевски или да прашаат за некоја истрага?
-
И годинава атракција пловењето по Охридското Езеро
-
Македонија единствена држава на Балканот која нема своја историска база на податоци
-
Преглед на вестите од светот
-
Новите 352 пожарникари потпишаа договори
-
Тема на денот со Петар Богојески, Македонски концепт
-
Битката за Чаир клучна на локалните избори