Израел се придружува кон двонеделниот прекин на напади врз Иран, но Либан е исклучен од примирјето

Израел ја поддржува одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп на две недели да ги суспендира нападите врз Иран, но ова примирје не го вклучува Либан, објави денеска канцеларијата на премиерот Бенјамин Нетанјаху.
Израелскиот премиер го поддржува потегот на САД под услов Техеран веднаш да ја отвори Ормуската Теснина и да ги запре нападите врз САД, Израел и земјите во регионот, се наведува во соопштението, пренесено од британските медиуми.
Изјавата доаѓа откако Вашингтон објави двонеделна суспензија на нападите врз Иран, со цел смирување на конфликтот и отворање простор за преговори. Израел, исто така, наведе дека ги поддржува напорите на САД да се осигура дека Иран повеќе не претставува нуклеарна, ракетна или „терористичка“ закана за САД, Израел и неговите арапски соседи.
Додаде дека Вашингтон го информирал Израел дека останува посветен на заедничките цели во претстојните преговори.
Иран денеска објави дека преговорите со САД ќе започнат во петок, 10 април, во Исламабад.
Двајца претставници на Белата куќа претходно потврдија дека Израел се согласил на двонеделно примирје и прекин на бомбардирањето на Иран, додека пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф, кој посредуваше во договорот, објави на Икс дека договорот вклучува прекин на израелските операции во Либан.
Израелската офанзива во Либан досега одзеде најмалку 1.500 животи и расели околу 1,2 милиона лица. Либан беше вовлечен во конфликтот откако Хезболах истрела ракети кон Израел во знак на солидарност со Техеран, два дена откако Иран ги нападна Израел и САД. Нападот предизвика нова израелска копнена и воздушна офанзива.
МИА
Ново на Сител
-

Кревко примирје меѓу САД и Иран
-

Падна цената на нафтата на светските берзи, но неизвесноста за Ормутскиот теснец останува
-

Заврши втората сесија од Стратешкиот дијалог со САД
-

Опозициски прашања во Парламентот - во фокусот мерките за справување со кризата
-

Ацо Ристов изгласан за претседател на Регулаторна
-

Истражување на ИППСИ: Македонија се соочува со сериозен пад на писменоста - учениците читаат, но не разбираат
-

ДЗР: Населението во Македонија енормно старее, има повеќе пензионери од работници
-

Тркалезна маса на тема: Подготвеноста на институциите за одговор на СММИ
