Југоистокот доби интегриран оперативен систем за менаџирање со хуманитарна помош
Југоисточниот плански регион доби интегриран оперативен систем за хуманитарна помош, прв од таков вид во државата. Преку него во иднина треба да се превенираат и менаџираат евентуалните елементарни непогоди и кризни ситуации како што се поплави, пожари, земјотреси, но и бегалска криза. Командниот центар е сместен во Струмица и вклучува дизајн на кластер од контејнери преку кои во реално време се следи состојбата на терен, силите кои делуваат и клучните операции. Центарот има можност и за прекугранично делување.
Проектот чија цел беше обезбедување на современа инфраструктура и опрема е реализиран преку програмата за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Грција.
Вкупната реализација на проектот во двете држави чини околу 1 милион евра, средства обезбедени од страна на ЕУ и националните земји учеснички преку ИНТЕРЕГ ИПА програмата.
-
Зоран Ѓоргиев
Сите содржини од овој новинар