„Јутјуб“: Кусите видеа ќе траат до три минути
Популарнит „куси видеа“ (Shorts) на „Јутјуб“ ќе траат подолго. Поточно, од 15 октомври авторите ќе можат да снимаат кратки видеа во траење до три минути.
Кусите снимки ќе добијат и шаблони што ќе може да се испробаат со притискање на копчето „Ремикс“ на видеото и со избирање на опцијата „Употреби шаблон“ (Use this template). Исто така, како што се соопштува – наредниве месеци корисниците ќе можат да ремиксираат клипови од избрани содржини на „Јутјуб“, па дури и да извлекуваат делови од повеќе видеа.
Има нова страница „Шортс трендс“ (Shorts Trends) на мобилната верзија, па корисниците наскоро ќе можат да ги прегледуваат и коментарите во изворот на кусото видео.
Ако случајно не ви се допаѓаат овие куси видеосодржини, на почетокот сe воведува и опција за нивно прикажување во помал број и поретко. Но, ова ќе работи само привремено.
Ново на Сител
-
Во Охрид доделено признанието „Инженерски прстен 2025“
-
Ќе има ли собраниски надзор во АНБ?
-
Партиски реакции за скандалот
-
Сиљановска: По многу бели линии, апсурдно е сега да зборуваме за црвени
-
Судење за Штекли
-
„Вардариште“ под лупа на обвинителството, кривични пријави за 3 лица
-
Нови линии и нови авиони
-
По речиси еден век целосно обновен противпожарниот дом во Радовиш