Камионџиите од Србија и БиХ продолжуваат со блокадите, во вторник состанок на министрите од Западен Балкан со ЕК

Превозниците на товар од Србија и Босна и Херцеговина продолжуваат да ги блокираат товарните терминали на граничните премини петти ден, додека превозниците во Црна Гора и Северна Македонија ги прекинаа блокадите откако ЕК објави нова визна стратегија што би го решила проблемот со ограничувањата за престој на професионалните возачи во Шенген зоната.
Во вторник, 3 февруари, ќе се одржи состанок на министрите од сите земји од Западен Балкан со претставници на Европската комисија за проблемот на превозниците од регионот во Шенген зоната, за што шефот на Делегацијата на ЕУ во Босна и Херцеговина, Луиџи Сорека ја информираше синоќа претседавачката со Советот на министри на Босна и Херцеговина, Борјана Кришто.
Тие телефонски разговараа за прекинот на непречениот проток на стоки и функционирањето на меѓународниот транспорт, предизвикани од блокадите на граничните товарни терминали кон земјите од ЕУ.
Новата визна стратегија на ЕУ што ја презентираше ЕК, како што беше најавено, ќе им помогне на превозниците од Западен Балкан, бидејќи „ЕУ сака да овозможи пофлексибилни правила за прекуграничните работници“.
Возачите на камиони од Северна Македонија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина почнаа да ги блокираат граничните премини во понеделникот, 26 јануари, сметајќи дека новиот систем за контрола на влез и излез (ЕЕЅ) во Шенген зоната дискриминира превозници од ЕУ.
МИА
Ново на Сител
-

Мицкоски: Бараме решение за превозниците
-

СДСМ објави нова „бомба“
-

Кочани пред капитален проект, старечки дом за 150 лица
-

Преглед на вестите од светот
-

Ѓорѓиевски најавува паметен зелен бран за да се намалат гужвите низ Скопје
-

Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија
-

Интензивна на Пулмологија исполнета со пациенти кои имаат компликации од грип
-

Блокирани се сите гранични премини, паркирани над 75.000 камиони ширум цел регион
