Канада испраќа во Украина дронови, муниција и оклопни возила вредни милијарда канадски долари
Канада следниот месец ќе и испорача на Украина дронови, муниција и оклопни возила во вредност од речиси милијарда канадски долари (750 милиони американски долари), најави канадскиот премиер Марк Карни, кој денеска е во посета на Киев по повод Денот на независноста на Украина.
Канадскиот премиер, како што пренесува Укринформ, кажа дека на самитот на Г-7 во јуни, Канада ветила дека ќе обезбеди дополнителна воена помош за Украина во вредност од две милијарди канадски долари (1,5 милијарди американски долари).
– Денес, со гордост објавувам дека една милијарда канадски долари од оваа помош ќе бидат искористени за зајакнување на вашиот арсенал со итно потребни дронови, муниција и оклопни возила – опрема што ќе пристигне следниот месец, изјави Карни.
Тој додаде дека Канада, исто така, ќе обезбеди десетици милиони канадски долари за итна медицинска помош, изградба на засолништа од бомби и зајакнување на демократските институции во Украина, вклучително и поддршка за справување со сајбер напади.
– Како копретседател на Меѓународната коалиција, Канада ќе ја зајакне соработката со Украина, со европските партнери и САД за да обезбеди итно и безусловно враќање на украинските деца, нагласи канадскиот премиер.
Благодарност за новиот пакет канадска воена помош за Украина изрази генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.
– Благодарен сум на Канада и на премиерот Марк Карни, кој штотуку објави финансирање за пакет американска воена опрема за Украина, напиша Руте на социјалната мрежа Х.
Генералниот секретар на НАТО нагласи дека сојузниците во алијансата продолжуваат да ја доставуваат потребната опрема и материјали за да се осигурат дека Украина има сè што ѝ е потребно за својата одбрана и за да постигне праведен и траен мир.
Ново на Сител
-
Жителите на Ново Село повеќе нема да патуваат и по 40 км за дежурен лекар
-
За младите да се задржат во општините мора активно да учествуваат во креирањето на локалните политики
-
Мицкоски најавува реконструкција на владата после локалните избори
-
СДСМ: Четири години локална власт на ВМРО-ДПМНЕ - четири години разочарувања
-
Тужбата на Шеху против ДИК во понеделник пред Управен суд
-
Тема на денот со Сашо Клековски - Директор на ФЗО
-
Преглед на вестите од светот
-
ДИК го усвои упатството за помал број на советнички места во дел од општините