Кејти Пери оди во Вселената

Американската поп-пејачка Кејти Пери наскоро ќе патува во Вселената, заедно со свршеницата на Џеф Безос – Лорен Санчез, објави американската вселенска компанија „Блу ориџин“ (Blue Origin).
Тоа ќе биде 11-ти лет со екипаж за „Блу ориџин“ и ракетата „Њу шепард“, коишто веќе неколку години имаат понуди за вселенски туризам. Во леталото би требало да бидат и филмската продуцентка Кери Флин и поборничката против сексуалното насилство, Аманда Нгуен. Летот ќе се спроведе напролет, соопшти компанијата на Безос.
За време на летот што трае неколку минути, патничките ќе може и да се откачат од своите седишта за да искусат лебдење во нулта гравитација.
Цените на билетите се чува во тајност.
Целосно автоматизираната ракета полетува вертикално и се враќа на Земјата, при што капсулата се одвојува во повратниот лет, во контролираниот пад со падобрани и ретро-погонско гориво, објави „Н-1“. Главниот соперник на „Блу ориџин“ за вселенски туристички летови е британската „Вирџин галактик“ (Virgin Galactic), којашто нуди слично патувачко искуство.
Ново на Сител
-

СДСМ го прослави 35. роденден
-

Тема на денот со Венко Филипче, лидер на СДСМ
-

Румен Радев е апсолутен победник на изборите во Бугарија
-

Преглед на вестите од светот
-

Државниот врв очекува конструктивен дијалог со новата бугарска влада
-

Од полноќ горивата поевтинуваат за 1,5 денар
-

Обвинителството тврди: Парите се на Ристов
-

Обвинетите полицајци тврдеа дека не знаеле дека казните ги издавале на неактивна фирма, наместо на „Пулс“
