Ким ја прогласи Јужна Кореја за „непријателска држава број еден“

Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, ја прогласи Јужна Кореја за „непријателска држава број еден“ и предупреди на „немилосрдни последици“ доколку Сеул преземе провокативни чекори.
Како што јави Севернокорејската новинска агенција (КЦНА), Ким во говорот на 15. седница на Врховното народно собрание го потврди статусот на земјата како нуклеарна сила.
На седницата разгледувана е и ревизија на Уставот бидејќи се наведува повторно обединување на Корејскиот Полуостров, но Ким уште од 2024 година побара измени со кои Јужна Кореја би била дефинирана како „непријателска држава број еден“.
Ким во говорот ги обвини САД за „тероризам и инвазии“ во разни делови на светот нагласувајќи оти безбедноста на земјата може да се гарантира само со „најмоќна сила“.
Тој најави дека Северна Кореја ќе продолжи да го развива своето нуклеарно одвраќање и да одржува „брз и прецизен“ одговор на стратешките закани. Пјонгјанг уште во 2022 година усвои закон со кој се дозволува превентивна употреба на нуклеарно оружје.
На истата седница зголемен е и државниот буџет за 5,8 проценти во споредба со претходната година, што претставува најголемо зголемување во изминатите неколку години.
Ново на Сител
-

СЗДМ бара инсулински пумпи за повеќе лица со дијабетес тип 1
-

Два часа пред трагедијата, полицијата не го уапсила сопругот бидејќи немало траги на насилство
-

Сè повеќе семејно насилство во Македонија
-

Есхумирана уште една жена, по судска наредба осомничениот сериски убиец испратен на психијатриско вештачење
-

Полицајците кои го контролирале „Пулс“, негираа вина
-

Официјална посета на Руте во земјава
-

Преглед на вестите од светот
-

Како ќе се враќаат Македонците од Блискиот Исток?
