Клековски на 12. турски медицински светски конгрес: Глобалните здравствени предизвици бараат заеднички одговори

Министерот за здравство Сашо Клековски денеска се обрати на отворањето на 12. турски медицински светски конгрес во Истанбул, што го организираат Министерството за здравство на Република Турција и Институтот за здравство на Турција, со мотото „Иновативно здравство: отпорни здравствени системи наспроти глобалните здравствени закани“.
Како што соопштија од Министерството за здравство, на отворањето, покрај турскиот министер за здравство, проф. д-р Кемал Мемишоглу, се обратија и министри за здравство од повеќе земји, меѓу кои на Малта, Босна и Херцеговина, Киргистан и други.
- Глобалните здравствени предизвици бараат заеднички одговори. Затоа Македонија останува отворена за соработка со сите партнери што ја споделуваат визијата за модерни, иновативни и отпорни здравствени системи - истакна Клековски во своето обраќање честитајќи му на турскиот народ 103 години од прогласувањето на Република Турција и посакувајќи мир и благосостојба.
Дигиталната трансформација на здравството е еден од приоритетите на Министерството, каде што Турција има значајно искуство. Министерот Клековски притоа ја нагласи и соработката со Турција.
- Република Турција за нас е долгогодишен и искрен пријател и значаен партнер - рече Клековски.
Тој посочи дека Турција изградила значајни капацитети во производството на лекови, вакцини и медицински помагала и во здравствените технологии. Според него, постои простор за соработка меѓу двете земји, во дигиталното здравство, истражувањето, иновациите и трансферот на технологии.
Во рамките на посетата министерот Клековски ќе оствари повеќе билатерални средби, вклучувајќи и со министерот за здравство на Турција, Мемишоглу, стои во соопштението.
МИА
Ново на Сител
-

Владата го усвои предлог буџетот за 2027 година
-

Владата го усвои предлог буџетот за 2027 година
-

Тема на денот со Владимир Божиновски, универзитетски професор
-

Ден Дончев недостапен, на останатите одземени пасошите за милионските злоупотреби со фондот и приватна очна болница
-

Македонија во фокусот на единствената претседателска дебата во Бугарија
-

Обвинетиот за потпалување на колите на бугарската амбасада призна вина
-

Мицкоски: Граѓаните сами ќе избираат дали ќе уплаќаат и во вториот задолжителен пензиски фонд
-

Македонската економија пораснала за 3,8%
