Клековски: Сите вработени со договор на дело по болниците во земјава ќе бидат вработени
Со посветеност на Владата сите вработени кои подолго време работат со договор на дело во болниците во земјава ќе добијат договори за неопределено време веднаш по изборите, а најдоцна до крајот на годинава, најави директорот на Фондот за здравство Сашо Клековски при денешната посета на ЈЗУ Општа болница Велес заедно со својот заменик Бранко Аџигогов како и со заменик министерот за здравство Јовица Андовски, одговарајќи на новинарско прашање.
- Прашање е колку брзо можат административно да се постигнат тие процеси, затоа што треба да се координираат повеќе институции, но сепак по изборите до крајот на годината имаме целсно посветеност сите што неколку години работеле со договри на дело да добијат договори на неопределено време и со тоа да им се реши статусот, рече Клековски.
Како што информира Александар Бузалков директор на ЈЗУ Општа болница Велес, во велешката болница има седум работници со договор на дело. Се надева дека по изборите ќе добијат согласност за нивно вработување на неопределено време како што и било договорено со надлежните.
МИА
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Ѓорѓиевски: Платите треба да растат колку и продуктивноста
-
Тема на денот со д-р Сашко Кедев, првиот Македонец на сите највисоки врвови
-
Нема договор за раст на минималната плата на 500 евра
-
Брн: Предолгиот и мачен пат на Македонија кон ЕУ мора да заврши, но нема напредок без внесување на Бугарите во Уставот
-
Анастрозол и летрозол за онколошки пациенти од понеделник во аптека со рецепт
-
По изгласаната недоверба, власта очекува оставка од Коцевски
-
Нема договор за раст на минималната плата на 500 евра