Кој ќе го замени Таравари!? Нови имиња и во извршната и во законодавната власт
Беким Татеши, директор на Клиниката за очни болести, неврологот Фатмир Меџити и Зијадин Села според неофицијални информации на Сител се трите имиња кои се спомнуваат за наследници на Арбен Таравари на министерската функција ако Алијансата на Албанците остане во Владата. Иако за време на кампањата за локалните избори за нов министер за здравство се шпекулирираше дека ќе се одлучува помеѓу Татеши и Меџити во игра влегува и Села откако не стана градоначалник на Струга. Не се исклучува и можноста СДСМ да го земе ресорот.
Сеуште актуелниот прв човек во здравството во иднина ќе раководи со општина Гостивар и најави дека ќе ги почитува роковите за да си поднесе оставка од министерската позиција.
Покрај Таравари од Владиниот кабинет си заминуваат и Рамиз Мерко министер без ресор задолжен за странски инвестиции кој стана градоначалник на Струга, а заменик минитерот за образование Висар Ганиу од ДУИ ќе седне во градоначалничката фотеља во Чаир. Соред информации од кабинетот на парламентот нивните оставки ќе бидат констатирани кон средината неделата. На истата седница собранието ќе ги констатира и оставките на кандидатите за градоначалник на Тетово Билал Касами од Беса и Бардуљ Даути од ДПА.
Промени во собранискиот состав ќе претрпи и коализијата Живот во Македонија откако 7 пратеници станаа градоначалници, на нивни места во законодавниот дом ќе седнат следните на листата во соодветните изборни единици.
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
