Комисијата за избори и именувања распиша јавен оглас за нов претседател на ДКСК по оставката на Димитровска
Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска донесе одлука за распишување јавен оглас за именување на нов претседател и член на ДКСК, по оставката на функцијата на Татјана Димитровска.
Претседателката на Антикорупциската комисија Димитровска поднесе оставка на 25 јули, а на 29 јули македонското Собрание ја констатираше, откако Обвинителството за гонење организиран криминал поднесе обвинение против неа за две кривични дела – за оддавање службена тајна на поранешниот директор на ТЕЦ „Неготино“, Небојша Стојановиќ, обвинет во „Адитив“, и за компјутерски фалсификат затоа што ревизор од ДЗР во нејзино име го положил тестот за сертификат за државна тајна.
Престанокот на функцијата претседател или член на ДКСК е пропишан во Законот за спречување на корупцијата и судир на интереси, според кој, функцијата престанува пред истек на мандатот во случај – да поднесе оставка, трајно ја изгуби способноста за вршење на функцијата, што го утврдува Собранието, е осуден со правосилна судска пресуда за кривично дело на безусловна казна затвор од најмалку шест месеци или настапи негова смрт. Престанокот на функцијата член или претседател на ДКСК го констатира Собранието.
МИА
Ново на Сител
-
Голем број прилепчани со замастен црн дроб поради нездрава храна и прекумерен алкохол
-
Преглед на вестите од светот
-
Полициска акција во Арачиново - Приведено едно лице за изнуда од 165 000 евра
-
Тема на денот со Билјана Ивановска, поранешна претседателка на ДКСК
-
Невреме со град во Скопје и низ државата
-
Политичките партии со осуда за ксенофобијата на трибини во Куманово, но и со меѓусебни обвинувања
-
Меџити и Лимани остануваат министри и во кампањата - Гаши неделава ќе распише избори
-
Независните почнаа со собирање потписи