Кратовец осомничен дека прободел со нож полициски службеник

Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка и предложи мерка притвор за едно лице, за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело - Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста од член 383 став 3 во врска со став 1 од Кривичен законик.
- Осомничениот 40-годишник од Кратово, на 11 септември, нападнал службено лице при вршење работи на јавната безбедност кои се однесуваат на спречување на кривично дело и на полицискиот службеник му нанел тешка телесна повреда. Кога двајца полицајци употребиле сила и ја отвориле заклучената врата од собата во која се наоѓал осомничениот, тој ги нападнал. На еден од полициските службеници со ножот му нанел тешки телесни повреди – прободна рана и посекотина - стои во соопштението на ЈОРМ.
Ценејќи ја опасноста од бегство и можноста да го повтори делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот.
Ново на Сител
-

Суспензија за 6 полицајци за инцидентот во Сарај
-

Граѓаните главно задоволни од квалитетот на живот
-

Дрва, пелети, струја или парно - кое греење зимава ќе биде најевтино?
-

Променливото време аларм за хронично болните
-

Сејф сити од утре во Охрид, Струга, Дебар и Кичево
-

Сточарите со загуби, 450 илјади вакцини на пат
-

Голем интерес за викенд куќи под Беласица, Ново Село од 13 парцели инкасираше 5,7 милиони денари
-

Наскоро се очекува да профункционира домот за стари лица во Охрид
