-->
-->
Кражба во Визбегово, украдени злато, пари и возило на МЕПСО
-->

Кражба во куќа во скопското село Визбегово била пријавена во полицијата, при што покрај злато и пари, било одземено и патничко возило во сопственост на МЕПСО. Според пријавата поднесена на 16 ноември во СВР Скопје, непознати сторители во периодот од 13 до 15 ноември со употреба на сила влегле во куќата.
Од објектот биле украдени златни предмети, пари и клучеви од две патнички возила. Крадците потоа искористиле еден од одземените клучеви и го однеле возилото „дачиа“, сопственост на МЕПСО.
Се утврдуваат сите околности под кои била извршена кражбата, како и идентитетот на сторителите. Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче се сокри на Бихаќка
-

Петрова: Колку што видов никој не и вршел притисок на Михаилова
-

Филипче: Блиску сме до грчко сценарио
-

Новите технологии ја менуваат стоматологијата
-

Нелојалната конкуренција останува сериозен предизвик за агенциите за недвижности
-

Тема на денот со Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ
-

Михаилова во тајни снимки тврди дека била уценувана од бугарските служби
