Македонија
16. October 2026 - 13:25

Кривична пријава против 47-годишник од Гостивар, нападнал двајца полициски службеници

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против С.Н.(47) од Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.

На 19.08.2026 на ул. „Балиндолска“ во Гостивар, пријавениот физички нападнал двајца полициски службеници додека вршеле службени дејствија, велат од МВР.