Кривична за кумановец кој yбил стара и немоќна жена: Постојат сомнежи дека имал и други жртви

СВР Куманово до Основното јавно обвинителство Куманово поднесе кривична пријава против Т.Б. (25) од Куманово поради основано сомнение дека извршил кривично дело „убиство“ по член 123 став 2 точка 1 од Кривичниот законик.
Во периодот од 27.01 до 12.02.2026, осомничениот во селото Челопек, општина Старо Нагоричане, со умисла на свиреп и подмолен начин ја лишил од живот жртвата, жена родена во 1947 година.
Ја искористил околноста дека оштетената живеела сама, била стара и немоќна. Кога влегол во нејзината куќа, таа спиела на креветот, па осомничениот физички ја нападнал, задавајќи и повеќе удари со кои и нанел тешки телесни повреди, од кои жената починала.
Со интензивни координирани дејствија во изминатите неколку дена на СВР Куманово, Одделот за криминалистичка полиција, ОЈО Куманово и истражниот центар во тоа обвинителство и екипите на Институтот за судска медицина, обезбедени се докази кои укажуваат на поврзаност на овој настан со неколку други слични случаи во кумановско.
Заради сличности во однос на изборот на жртвата и суровиот начин на извршување на делото се испитува дали и во тие случаи станува збор за убиства извршени од истиот сторител. За една од потенцијалните жртви вчера беше наредена ексхумација и обдукција, од телото на починатата жена се подигнати траги и ДНК кои се вештачат.
Истражните органи работат на сложени вештачења и анализи, како и други дејствија за обезбедување докази, кои во моментов не можат да бидат споделени со јавноста поради тајноста на постапката.
Осомничениот од моментот на неговото откривање веднаш е лишен од слобода и обезбеден, а по предлог на јавниот обвинител му е одредена мерка притвор. Наредено е и психијатриско вештачење на осомничениот од страна на тим вешти лица - форензички психијатри од Институтот за психијатрија во Скопје, соопшти МВР.
Ново на Сител
-

Вајц: Потребен е итен напредок во уставните измени и итни реформи
-

Професионализација на дипломатската служба
-

Сиљановска: Нашето авионче е најмало и најстаро, колегите го нарекуваат „авиончето на браќата Рајт“
-

Правда: Вонредниот инспекциски надзор е незаконски
-

Сиљановска-Давкова: Одбраната на македонскиот јазик е во рацете на говорителите
-

Муцунски: Многу сме блиску до склучување договор со САД за тарифите
-

Функционерските плати нема да пораснат
-

ВМРО-ДПМНЕ: Платите растат
