Македонија
18. September 2018 - 17:00
Крводарителска и хуманитарна акција во Американската амбасада
Американскиот амбасадор Џес Бејли и годинава даруваше крв во знак на сеќавање на жртвите во терористичките напади на 11 септември 2001-та. Изминатите 10 години колку што се одржува оваа крводарителска акција во амбасадата на САД во земјава биле собрани 1800 крвни единици.
Покрај крводарителска, во американската амбасада се одржа и акција за собирање храна и облека за социјално загрозените семејства. Донираа бизнисмени, но и политичари и од власта и од опозицијата како и хумани граѓани.
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
