Куќата од „Сам дома“ и по 30 години е „култно место“ за обожавателите и посетителите | ВИДЕО

И по над 30 години, божиќниот серијал филмови „Сам дома“ (особено првите два филма) важат за класика. Обожавателите, меѓу другото, се воодушевени од изгледот на семејната куќа на Кевин Мекалистер (Меколи Калкин). Имено, првите два дела делумно се снимени во раскошна куќа во Винетки, близу Чикаго во САД.
Куќата има 10 спални соби и шест бањи. Агентот за недвижности Мариса Хопкинс објави и Јутјуб-видео од куќата и нејзиниот изглед внатре и надвор.
Од внатрешноста на оваа куќа за снимање биле користени дневната соба и големите скалила во ходникот… Зданието повторно стана занимливо за јавноста пред неколку години, кога семејството Абендшиен реши да го продаде, за 2,4 милиони долари. Тие таа куќа ја купиле во 1998 година, за 800.000 долари помалку.
Обожавателите сè уште го посетуваат местото, особено за време на празниците. Пред две години, „Ер-БНБ“ понуди можност за еднодневен престој во самата куќа на Кевин и неговото семејство. Тогаш домот беше уреден исто како во филмот.
Ново на Сител
-

Следуваат законски измени за построги казни за возачите на електричните тротинети
-

Тема на денот со Марјан Ристески, заменик министер за економија
-

Уапсен поранешниот претседател на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски
-

Уапсен поранешниот претседател на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски
-

Мицкоски: Mинистрите што се уморни чесно е да си одат
-

Филипче: Нема да бидеме алиби за предвремени избори
-

Мицкоски најавува европски „маратон“, Филипче обвинува за демагогија и бегање од преговорите
-

Стартува национална иницијатива за намалување на семејното и врсничкото насилство
