Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан повторно на протест пред општинската зграда

Кумановци кои работеа за американските компании во Ирак и Авганистан, денеска протестираа пред зградата на општина Куманово. Тие уште еднаш побараа нивното прашање за данок на плата да се разгледа на советот на општината, бидејќи на последната седница градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски ги информираше советниците за посредувањето за средба помеѓу групата кумановци и надлежните од УЈП, но точката не беше ставена на совет.
За време на протестот излезе градоначалникотна Куманово, Максим Димитриевски кој ги повика на средба дел од нив, која во моментов тече. Кумановци кажаа дека се револтирани, зошто воопшто не е разгледана нивната точка, иако велат дека ги знаат ингеренциите на општината, дека советот не може да влијае врз даночната политика.
- На последната средба се договоривме да поднесете писмено барање за средба со директорката на Управата за јавни приходи, за да одржите средба со неа. Протестот е легитимно граѓанско право, повелете на средба, ќе се свика координација. Важно е дали вие суштински сакате да го решите проблемот или сакате да бидете предмет или инструмент на одредени политички партии. Важно е да се отвори дискусија, но советот може само да даде препораки, не може да задолжи повисок орган да постапи по барањата. Јас сум ваш градоначалник и во целиот процес сум на ваша страна, но морам да го почитувам законот, рече Димитриевски.
Учесниците на протестот кажаа дека доставиле писмен доказ до УЈП.
-На секој протест укажуваме дека си ги бараме своите права, дека во ниту еден случај не сме поврзани со никој, бараме решение за проблемот. Бараме од сите правна помош, сите поинаку ги толкуваат. Ние сме граѓани на овој град, со семејствата сме донеле милиони и милиони долари во Куманово, платени се секакви даноци и сегашниот данок за кој протестираме, 4, 8 проценти оди за општината. Нашите колеги од Босна и Херцеговина, од Хрватска, од Албанија, од Косово, Турција беа ослободени по основ дека 183 дена биле надвор од државата. Нејасно е зошто Македонија се однесува поинаку со своите граѓани. Колегите доставија „ letter of authorization“, има „СОФА договор“, познат на надлежни институции, МНР, министерство за одбрана, тие го искористија, само кај нас е проблем, кажаа кумановци.
Тие додадоа дека за нив е нејасно зошто, како што рекоа, „советниците не сакаат ниту да дискутраат на оваа тема“, како и дека им е важно поддршката, бидејќи 25 години вложуваат во градот. Протестот продолжува утре во Тетово со граѓаните кои имаат сличен проблем.
МИА
Ново на Сител
-

Утврдени кандидатите за новата ДИК
-

Минчев најавува реформи во државната служба - нема веќе доживотни и недопирливи функции
-

Мицкоски од Давос: Инвестиција од 100 милиони евра во развој на трет мобилен оператор
-

Синдикатите излегуваат на протест на 28 јануари за повисоки плати
-

Првиот долгометражен филм на Косара Митиќ „17“ ќе има своја премиера на 76. Берлински фимски фестивал
-

Македонија под снег, надлежните уверуваат дека сите патишта се проодни
-

Мицкоски во Давос ги презентира можностите за инвестирање во Македонија
-

Продолжува трендот на одлевање на учениците од штипските училишта
