-->
-->
Кумановец нападнал полицаец при обид да биде приведен
-->

СВР Куманово поднесе кривична пријава против 35-годишен жител на Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.
Според информациите од полицијата, инцидентот се случил на 25 октомври 2026 година во Куманово, кога полициски службеници преземале службени дејствија за лишување од слобода на пријавениот. Во тој момент, 35-годишникот физички нападнал полициски службеник кој постапувал во рамките на своите службени овластувања.
По преземањето на потребните мерки и документирањето на настанот, СВР Куманово поднело кривична пријава против него. Случајот е квалификуван како напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Муцунски: Отпорност не значи изолација
-

Јаневска: Инвестираме во лицата со попреченост
-

Преглед на вестите од светот
-

Повредените од „Пулс“ во следна фаза на лекување
-

Три пропаднати огласи, четврти обид за избор во Судскиот совет
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Тони Менкиноски, адвокат
-

САД обезбеди дизел од Русија, во Европа ќе има недостиг до 2027
