Куманово ќе спроведе трет треман на терестичка дезинсекција
Општина Куманово ќе го спроведе третиот третман на терестичка дезинсекција на возрасна форма на комарци, информираа денеска од општината. Третманот ќе се спроведе на неколку подрачја на територија на Општина Куманово по течението на реката Кумановка од „Кумановска бања“ преку село Проевце, месноста „Бејтови ниви“, по должината на кејот на река Кумановка, површини под бавчи од другата страна на реката, по должината на булеварот„Октомвриска револуција“, на површините околу градскиот парк и улицата „Никола Тесла“.
Третиот третман ќе се изврши покрај реката во реонот училиштето „Толи Зордумис“, во „Диво Насеље“, по текот на реката во село Романовце, градските гробишта (едно од најголемите легла на комарци), „Зелен рид“, по должина на булеварот „Трета МУБ“ и улицата „11 Октомври“ со посебен акцент на ЈЗУ општа болница – Куманово, низ централното градско подрачје, по текот на Серава, населбата „Перо Чичо“ и други локации низ градот.
- Третманот кој ќе се реализира на 23-ти јули, годинава, ќе започне на полноќ, во 00:00 часот и ќе се одвива до раните утрински часови. Во процесот на терестичката дезинсекција ќе се користи препаратот „AQVA KOTHRINE“ со активна материја „Deltamethrin“, информираат од општината.
Куманово за запрашување против инсекти, дезинсекција, дератизација против крлежи, лебарки, комарци и глодари одвои над 1, 2 милиони денари. Општината склучи договор со компанија од Куманово. Градот склучи договор и спроведе јавна набавка за авиотретирање со широкопојасен инсектицид за третирање на комарци, одобрен од Биро за лекови, за што одвои скоро два милиони денари.
МИА
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа за интерпелацијата на Коцевски, дали државниот Јавен обвинител ќе биде разрешен?
-
Утре состанок на социо-економскиот совет, ССМ ќе бара зголемување на платите за 6000 денари
-
Министерката Јаневска и премиерот на увид во градежните работи во студентскиот дом Кузман Јосифовски Питу
-
„Вкуси го Охрид локално – Празник на локалната храна, културата и занаетчиството
-
Штип „безбеден град“ – инсталација на 24 часовен видео надзор
-
Преглед на вестите од светот
-
Собранието утре ќе одлучува за интерпелацијата на Коцевски
-
Тема на денот со Максим Димитриевски, лидер на ЗНАМ