Лажат дека се болни за да добијат антибиотици: Речиси секој трет Американец признал дека го измамил лекарот

Според ново национално истражување спроведено во САД, речиси 30 отсто од возрасните Американци признале дека ги лажеле лекарите за да добијат антибиотици. Дел од нив ги преувеличувале симптомите, додека други целосно измислувале здравствени проблеми за да им се препишат антибиотици.
Во истражувањето спроведено во јануари и февруари годинава, се испитани речиси 960 возрасни лица од различни делови на САД.
На прашањата дали некогаш ја преувеличувале работата или пак целосно ги измислувале симптомите, резултатите покажале дека 28 отсто од нив лажеле за своите симптоми, а други 26 отсто признале дека ги преувеличувале симптомите, додека 17 отсто признале дека целосно измислувале симптоми. Меѓу најчесто наведуваните симптоми биле треска, кашлица и болки во грлото.
Воедно, истражувачите сакале да ги знаат причините за ваквите постапки, како и нивните ставови во однос на здравствената заштита и употреба на антибиотици. Со ова е утврдено дека речиси две третини од испитаниците кои лажеле, мислеле дека на тој начин ќе ги убедат лекарите да им препишат антибиотици, од кои, околу 77 отсто признале дека барем еднаш успеале во целта.
-Голем дел од пациентите признаа дека го направиле тоа бидејќи се чувствувале многу болни и сакале што побрзо да оздрават, открија научниците. Други пак, верувале дека антибиотиците ќе им помогнат побрзо да се вратат на работа и на вообичаените секојдневни активности, а голем дел од нив сакале да имаат поголема контрола врз лекувањето и врз терапијата што им ја препишувале лекарите, посочија тие.
Истражувањето покажало дека лицата кои лажеле почесто за своите симптоми, сметале дека лекарите не ги сфаќаат доволно сериозно нивните здравствени проблеми. Нивниот став бил дека предупредувањата за антибиотската резистенција, односно отпорноста на бактериите кон антибиотиците се претерани или неосновани.
Друго пак истражување кое опфатило 236 родители, старатели на деца и адолесценти помлади од 18 години, утврдило дека 27 отсто од родителите или старателите, ги лажеле докторите за да добијат лекови за своите деца.
На прашањето дали некогаш намерно ги преувеличувале или измислувале симптомите на своите деца за да добијат антибиотици, дури 27 отсто признале дека го направиле тоа. Додека пак, 87 отсто од родителите признале дека давањето лажни информации, барем еднаш им успеало да добијат лекови.
-Причините што ги кажаа родителите беа исти како и во првото истражување, односно загриженост за здравјето на децата, како и убедувањето дека антибиотиците ќе им помогнат побрзо, нагласија експертите.
МИА
Ново на Сител
-

До 15 години затвор за корупција
-

Мицкоски: Имаме најстабилна Влада во овој дел на Европа
-

Полицијата ќе отстранува потенцијални насилници од сопствениот дом на 48 часа
-

Почна расправата за буџетот: Колку ќе собере, а колку ќе потроши државата догодина?
-

Мицкоски: Зимата ќе биде тешка - ќе сториме се за да нема големи поскапувања
-

Скопје слави 82 години од ослободувањето
-

Во месецот посветен на машкото здравје бесплатно тестирање на рак за простата во ЗД „Железничар“
-

Преглед на вестите од светот
