Левица: Османи да признае дека Бугарите ќе влезат во Уставот како конститутивен народ

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, упорно крие од јавноста кое е вистинското барање на Бугарија за Уставот. Како што откри Пендаровски, барањето на официјална Бугарија е Бугарите да влезат во нормативниот дел на Уставот, а не во Преабмулата.
Моментално, во нормативниот дел на Уставот наведени се само македонскиот народ, Македонците кои живеат надвор од границите на државата, МПЦ и Исламската верска заедница. Ниту една друга етничка заедница не влегува во нормативниот дел на Уставот, затоа што единствено македонскиот народ е конституент на македонската држава.
Со барањето на Бугарија, де факто ќе се оствари големобугарската идеја дека покрај Македонците, и Бугарите се конститутивен народ на македонската држава! Ќе се остварат децениските шовинистички идеи на бугарскиот двор, дека Бугарија ја формирала македонската држава и ова ќе биде последниот удар на македонската државотворност.
Дека Османи целосно работи против интересите на Македонија, потврдува вчерашната негова изјава дека влезот на Бугарите во Уставот претставува успех, затоа што се прави дистинкција меѓу македонскиот и бугарскиот народ.
Ова е опасна манипулација со македонскиот народ, кога и Пендаровски потврди дека Бугарија бара влез на Бугарите во нормативниот дел на Уставот.
Скандалозно е однесувањето на претседателот Пендаровски, кој го прифати старо-новиот предлог, во кој стои дека нема почеток на преговори без отворање на Уставот.
Ја алармираме целата македонска јавност на опасноста и фаталноста на овој предлог, погубен за македонската држава.
Потребно е како никогаш досега, македонскиот народ да се обедини против квинслинзите на власт, кои во целост ја спроведуваат големобугарската идеја.
Отпорот мора да започне, уште вечерва пред Влада!
Политичка партија Левица
Ново на Сител
-

Спорни исплати, незаконски надоместоци, набавки без тендер – ревизорски извештај за Академијата за судии
-

Почна судењето за случајот ИПАРД
-

Анализа на ФЗО: Вештачки колк чекаат над 650 пациенти – лани имало зголемен број на вакви операции
-

МОН финансира по 600 илјади денари за 14 македонско-австриски научни проекти
-

Муцунски: Постои желба во Брисел за стимулирање на дијалог меѓу Македонија и Бугарија
-

Определен 30-дневен притвор за Стефан Богоев и уште три осомничени лица
-

Македонско-грчки бизнис ИКТ форум во Скопје
-

Виртуелниот простор станува нова сцена за врсничко насилство
