Лидерите на Европскиот Фронт потпишаа декларација против „моноетничко владеење“
Политичка декларација наместо обелоденување на идните чекори. Лидерите на партиите од Европскиот фронт се собраа во Тетово за да потпишат декларација против моноетничко владеење.
Фронтот ја продолжува досегашната реторика. Невлегувањето во Влада значело непочитување на Охридскиот рамковен договор.
Освен Ахмети, на говорница застанаа сите претседатели на политичките партии дел од Фронтот. Мендух Тачи и Зијадин Села говореа најмногу продолжувајќи ја реториката за влез во новата влада. Кај двајцата можеа да се почувствуваат националистички изблици.
Интегративците од Мала Речица за првпат по 16 години седнуваат во опозициските редови на македонското Собрание откако ВМРО-ДПМНЕ одлучи да коалицира со другата коалиција на албански партии, ВРЕДИ.
-
Даниел Василев
Сите содржини од овој новинар
