Маглата одложи летови, Скопје на врвот на листата најзагадени градови во Европа
Скопската магла повторно одложи голем број летови на меѓународниот аеродром. Патници чекаат по неколку часа за да полетаат или слетаат во државава. Од утрово целосно откажани се летови до и од Виена, Варшава, летот од Скопје до Љубљана, Базел и утринскиот до Истанбул.
„Летовите во пристигнување од Базел, Хамбург, Брисел и Дортмунд се пренасочени кон Софија, Солун, Ниш и Тирана, соодветно. По 14 часот, на скопскиот аеродром слетаа 3-те лета од Истанбул, на Туркиш Ерлајнс, Aџет и Пегасус Ерлајнс, како и летот на Ер Србија од Белград.
Но не само по маглата и отежнат авиосообраќај, Скопје и во новата година се издвојува по најштетен воздух кој го дишат граѓаните. На листата сме повторно на високото второ место во Европа по аерозагадување. Граѓаните ниту за празниците не можат да уживаат во прошетка во главниот град. Концентрацијата на ПМ 2,5 се и до 020 пати повисоки од годишната вредност на упатството за квалитетот на воздухот на СЗО.
Во сезоната на вируси и грип, штетниот воздух го зголеми бројот на пациенти кои бараат помош од матичните лекари. Во овој период се почести се горнореспираторните заболувања, но и алергиите кои порано биле нетипични за овој период од годината.
Еко активистите алармираат до надлежните дека се потребни итни мерки, поради сериозните последици врз здравјето на луѓето. Меѓу последните иницијативи на О2 до Владата беше и онаа да се спречи увоз на поволни возила постари од 10 години но до сега одговор немаат добиено на ниту едно барање.
-
Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар