Маргинализираните ќе добијат подобри шанси за работа
Маргинализираните и лицата од ранливите групи граѓани од југоисточниот регион од сега имаат можност да бидат рамноправни на пазарот на трудот. Новите вештини и квалификации тие ги стекнуваат преку академијата за реинтеграција. Академијата беше отворена како резултат на серијата форумски сесии кои покажале дека бројот на овие лица е голем и затоа поддршката за нив, обуката и стручна подготовка треба да бидат приоритетни со цел да се вратат како прифатливи во општеството.
„Во рамките на овој проект кој што го имплементиравме беше набавена специјализирана опрема за маргинализираните лица, социјално загрозени лица за да може да се до усовршат, да можат да ја користат оваа опрема во областа на градинарството, цвеќарството, билкарството како и пакување на зрнести прашкасти производи, да можат понатаму тие да бидат квалификувани на пазарот на трудот да бидат исто самостојни“, вели Данче Поп Иванова - Центар за развој на Југоисточен планински регион.
Во рамки на академијата постои тренинг центар за работно ориентирана рехабилитација во кој е вклучен стручен тим кој им задача да направи реална проценка на можностите на секое лице за потоа може истото потоа да биде вклучено на пазарот на труд.
„Оваа целна група е во досегашната наша пракса на некој начин е запоставена. Овој проект им го враќа достоинството, им ја враќа можноста за вработување и ги прави рамноправни на пазарот на труд како и сите останати. Имаме направено контакти со преку 25 компании во градот, тие контакти продолжуваат и постои огромен интерес од многу компании да вработат, да вклучат во своите производствени капацитети и лица со попреченост кои што имаат можност, имаат капацитет одредени активности да ги спроведуваат успешно како и сите останати“, вели Сократ Манчев - претседател на невладина организација Избор.
Академија за реинтеграција на маргинализирани лица, е проект на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион кој го реализира во партнерство со невладината Избор и чини 6,5 милиони денари Средствата се обезбедени од Министерството за локална самоуправа и Швајцарската агенција за развој и соработка.
-

Зоран Ѓоргиев
Сите содржини од овој новинар
