Масовен напад врз Москва - Украина ноќеска ја нападна руската метропола со 862 дрона

Градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин утрово изјави дека ноќеска беше направен обид за напад со украински дронови врз главниот град, како еден од најмасовните оваа година.
Според Собјанин, од синоќа до утрово во Московскиот регион биле испратени 862 беспилотни летала.
Силите за воздушна одбрана ги неутрализирале повеќето беспилотни летала што се приближувале кон регионот, додека 170 беспилотни летала биле соборени при приближувањето кон руската престолнина, пренесуваат руските медиуми.
Претходниот голем напад со беспилотни летала во Москва се случи ноќта помеѓу 28 и 29 октомври, кога биле испратени приближно 613 дрона.
Коментирајќи го најновиот напад, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека е „невообичаено“ што Киев се обиде да изврши напад со беспилотни летала врз Москва за време на самитот Русија-Африка.
Голем напад со беспилотни летала врз руската престолнина од почетокот на есента беше регистриран во ноќта меѓу 19 и 20 септември, кога, според соопштението на руските воени власти, биле уништени околу 1.600 беспилотни летала, од кои 450 биле насочени кон Москва.
МИА
Ново на Сител
-

Ден Дончев недостапен, на останатите одземени пасошите за милионските злоупотреби со фондот и приватна очна болница
-

Македонија во фокусот на единствената претседателска дебата во Бугарија
-

Обвинетиот за потпалување на колите на бугарската амбасада призна вина
-

Мицкоски: Граѓаните сами ќе избираат дали ќе уплаќаат и во вториот задолжителен пензиски фонд
-

Македонската економија пораснала за 3,8%
-

Министерката Јаневска во инспекција во студентскиот “Стив Наумов” по обвунувањата дека домот се распаѓа
-

Од 1 мај ќе се лета од Скопје до Тиват, со автопатот Скопје - Блаце побрз пристап до пристаништето Бар
-

Хакерски напад тежок 6,3 милијарди долари, најголем во историјата на криптовалутите
