Македонија
5. April 2026 - 10:55

Маж од Кичево е лишен од слобода откако управувал возило и покрај активна забрана и удрил во малолетно лице

Маж од Кичево е лишен од слобода откако управувал возило и покрај активна забрана и удрил во малолетно лице, соопшти денеска МВР,

Според информациите од полицијата, синоќа во 20:40 часот на булеварот „Ослободување“ во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го привеле А.Б. од Кичево, кој со патничко возило „Опел Вектра“ со кичевски регистарски ознаки удрил во десетгодишно дете.

По преземени мерки, утврдено е дека А.Б. го управувал возилото иако има активна заштитна мерка забрана за управување со моторно возило од Б- категорија.

По насоки на јавен обвинител, возилото му е одземено и по документирање на случајот, ќе му биде поднесена соодветна кривична пријава. 

 

МИА