Мерц: Средба меѓу Путин и Зеленски ќе има во следните две недели
Рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе се сретнат во рок од две недели, изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц, повикувајќи се на телефонскиот разговор меѓу Путин и американскиот претседател Доналд Трамп, јави ДПА.
„Американскиот претседател разговараше по телефон со рускиот претседател. Тие се согласија дека ќе има средба меѓу рускиот и украинскиот лидер во наредните две недели“, рече Мерц пред новинарите.
Тој додаде дека останува неизвесно дали Путин ќе има храброст да учествува на ваква средба и нагласи дека ќе биде потребно убедување.
Мерц, кој беше дел од европската делегација на разговорите во Вашингтон со Трамп и Зеленски, истакна дека Украина не смее да биде притискана да отстапува територии.
– Барањето на Русија Украина да предаде делови од Донбас е исто како САД да мораат да се откажат од Флорида, порача германскиот канцелар.
МИА
Ново на Сител
-
Тема на денот со проф. д-р Драган Даниловски, епидемиолог
-
Преглед на вестите од светот
-
Се чека одлуката на ДИК за ново упатство - партиите го обвинуваат ДУИ за неуспешните измени
-
Независните не се откажуваат од учество на избори - дел собираат потписи, дел не
-
Дезинсекција против комарци – каква е ефикасноста, колку често треба да се врши и зошто е важна?
-
Ангелов: И денеска најкритично е на Јасен и кај Јегуновце
-
Пазарите преплавени со фалсификуван мед
-
Расте бројот на децата со оштетен вид поради користење на мобилни и таблети