Мета и Гугл обвинети дека намерно создале зависност кај младите корисници

Вчера, пред Граѓанскиот суд во Лос Анџелес започна судењето против интернет гигантите Мета и Гугл, со тврдења дека нивните платформи намерно поттикнувале зависност кај децата и младите со цел зголемување на профитот.
Адвокатот на тужителката, Марк Ланиер, во воведното обраќање истакна дека механизмите што ги користат Инстаграм и Јутјуб не се резултат на случајност, туку на свесен дизајн. Според него, зависноста е профитабилна, со обвинение дека компаниите создале зависност кај корисниците. Судската одлука би можела да постави нови стандарди за одговорноста на социјалните мрежи кои досега во голема мера беа заштитени од вакви тужби.
На 18 февруари, како значајни сведоци ќе се појават пред судот извршниот директор на Мета, Марк Закерберг, а во текот на неделата, и директорот на Инстаграм Адам Мосери. Заедно со нив, на судската парница се појавува и Јутјуб, подружница на Гугл. Случајот го покрена дваесетгодишна млада жена од Калифорнија, чија тужба е доволно силна за да послужи како тест за стотици слични случаи во државата.
Тужителката тврди дека започнала да го користи Јутјуб уште на шестгодишна возраст, а Инстаграм од единаесеттата година, по што следеле Снепчет и Тик-Ток. Според неа, долгорочната изложеност на социјалните мрежи доведува до силна зависност, што завршува со депресија, анксиозност и нарушена перцепција за сопствениот изглед.
Се претпоставува дека судењето би требало да трае повеќе од еден месец.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт
-

Обвинение за 23 полицајци
-

Судијата Садула Изаири е новиот член Судскиот совет
-

Предлог Законот за минимална плата од 600 евра стигна во Собранието
-

ЕК не гарантира кога ќе се надмине проблемот на камионџиите, Мицкоски очекува решение во февруари
-

Јавниот долг падна под 60% од БДП
-

Совет на Европа го затвори постмониторинг дијалогот со Македонија
-

Утре нов протест за дислокација на Усје, од цементарницата тврдат дека работат според Закон
