Мицкоски: Ако извештајот повторно не се изгласа, проблем не се Бугарите во Уставот, туку македонскиот идентитет
Ако гласањето за извештајот за напредокот на Македонија биде одложен и на 24 јуни во Брисел, тоа ќе значи дека сепак проблем е македонскиот јазик и идентитет, а не вметнување на бугарите во македонскиот Устав. Според премиерот Мицкоски, бугарски политичари директно лобирале во Брисел да се пролонгира гласањето, стравувајќи од протестен бран, бидејќи во исто време во нивниот парламент требало да помине законот за еврото.
Околу обвинувањата на сметка на Вајц дека работел со македонските власти под маса, за да се одложи гласањето на Извештајот, Мицкоски вели дека еднаш го има видено во животот и тогаш не разговарале лично. Смета дека е право на нашата Влада насекаде во светот да се бори за македонските интереси.
И официјална Софија и Скопје, одложеното гласање на Извештајот за Македонија на 4 јуни го протолкуваа како дипломатска победа. За бугарските пратеници беше мудра и одговорна одлука, додека за македонската страна јасен сигнал дека во оваа битка во Европскиот парламент победата е на македонска страна.
-
Тамара Дичоска
Сите содржини од овој новинар