Мицкоски: Инвестираме во модернизација на институциите и подобри јавни услуги

Владата инвестира во модернизација на институциите преку набавка на нови возила за потребите на здравството, царината, комуналните служби, Македонска пошта, полицијата и Армијата, објави премиерот Христијан Мицкоски на својот фејсбук-профил.
Како што наведува Мицкоски, предвидени се 100 нови амбулантни возила за македонското здравство, 26 специјализирани возила за модернизација на царината со поддршка од Европската Унија и 65 мултифункционални комунални возила.
Покрај тоа, планирани се 100 нови возила за потребите на Македонска пошта, 120 за македонската полиција и 124 возила за потребите на Армијата.
-Како Влада, инвестираме во модернизација на институциите, подобри јавни услуги и поголема безбедност за сите граѓани. Се грижиме за потребите на граѓаните и градиме посилна, поефикасна и современа држава – наведува Мицкоски во објавата.
Ново на Сител
-

Антонели нов светски шампион во Формула 1
-

Зеленски го условува прекинот на нападите врз руски рафинерии со испорака на американски ракети
-

ДИК за изборите за градоначалник во Брвеница: Јахиј освои 4442, а Радичевски 4177 гласови
-

Седници на собраниските комисии за финансирање и за одбрана
-

Облачно со повремен дожд
-

Аркин Јахији е новиот градоначалник на Брвеница
-

ДИК: Одѕивот на изборите за градоначалник во Брвеница до 18:30 часот е 52,90 отсто
-

МВР: Расчистено вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена кривична пријава
