Mицкоски: Погрешна теза е дека без ДУИ ќе има има етнички тензии
Погрешна теза, вака премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ги кометнира тврдењата на ДУИ дека ако таа не е дел од владата по локалните избори, тоа ќе биде повод за етнички тензии.. Тој вели, ДУИ како дел од власта симболизирала само криминал, корупција и нееднаквост..
Ваквата изјава, Мицкоски ја даде на дводневниот саем на општини раководени од ВМРО-ДПМНЕ, насловен„ 4 години работа за тебе“.. Беа презентирани завршени проекти на општините, се најавиа и планираните за следните четири години.. Кандидатот за градоначалник на Скопје, Орце, Ѓорѓиевски, најавува брзи решенија за справување со проблемите во главниот град.. Клучно место имале хигиената и јавниот транспорт..
Поддршка во досегашната работа но и помош за реализација на планираните проекти, ветуваат и претставници на извршната и законодавна власт.. Забрзан процес на изградба на училишта, градинки, болници, финасирање на инфраструктурни проекти, ветуваат министрите и пратеници..
Своја визија за Скопје, има и премиерот Мицкоски.. Побара уредување на просторот од градскиот парк, преку калето, чаршијата, централниот плоштад до улица „Македонија“. Повеќе зеленило, поголема хигиена, но и зголемено полициско присуство.. Побара и завршување на фасадите во центарот на градот, прифаќа дури и тие да не се во барок..
Мицкоски рече дека се уште траел процесот на ипитување на мислењето во општините за кои не добиле кандидати за градоначлници.. Постапката ќе завршела на почеток од идниот месец, а имињата ќе бидат познати на трети септември..
-
Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар