Мицкоски: За трипати пократок период имаме 120 милиони евра поголем раст на БДП

Бруто-домашниот производ е за 120 милиони евра поголем за две години владеење на Владата на ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и „Вреди“ или трипати пократок период во споредба со претходните шест години владеење на СДСМ и ДУИ - истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски.
- Кога водите еден процес, и во политиката мора да правите компаративна анализа. Ако не правите компаративна анализа, тогаш лутате во магла и не знаете каде ќе стигнете. Јас се обидов вчера да направам една компаративна анализа на неколку клучни параметри во економијата: еден од нив е јавниот долг, а втор е БДП. Со БДП можете да ја оцените силината на една држава, а состојбата на бруто-јавниот долг е практично колку сте позајмиле и вистински сте ги вложиле тие пари за да генерирате подобри економски резултати. Каков е заклучокот? Ако се спореди периодот на претходната влада на СДСМ и ДУИ со периодот на оваа Влада на ВМРО-ДПМНЕ, „Вреди“ и ЗНАМ, тогаш ќе дојдеме до следните параметри: трипати пократок период, БДП пораснал за 120 милиони евра повеќе. Значи, за 120 милиони евра БДП за овие две години е поголем отколку за претходните шест години од претходната влада. Притоа, јавниот долг е зголемен за нешто помалку од трипати. За нешто помалку зголемен јавен долг, а за трипати пократок период имаме зголемен БДП. Со други зборови — три спрема еден, вели Мицкоски.
Отприлика, нагласува тој, таков е и односот на рејтинзите на политичките партии, но такви се и резултатите во економијата.
- Дали е тоа доволно? Не. Дали треба уште да се работи? Да, но имајќи предвид дека до пред три години бевме убедливо на дното во регионот, сега сме веќе на прво или второ место кога станува збор за овие параметри, подвлече Мицкоски.
МИА
Ново на Сител
-

Нема обвинети за модуларните болници - набавките биле законски, буџетот не бил оштетен
-

Санкционирањето на странци преку Сејф сити создаде километарски колони на Табановце
-

Четири нови случаи со западнонилска треска во Скопје - бројката на инфицирани достигна 42-ца
-

Пожарот во Мариово се уште критичен, активни се уште 7
-

ДУИ бара предвремени избори
-

Амбасадорскиот совет: ЕУ интеграција, заштита на националните интереси и економска дипломатија
-

И годинава ќе има „училишна кошничка“: Владата ќе го спречува поскапувањето на школскиот прибор
-

Кочоска: Голем простор во буџетот за дополнителни мерка нема
