Милановиќ: Владата ја киднапира земјата и бескрупулозно предизвикува поделби, Пленковиќ е најодговорен

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ денеска ја обвини владата за узурпирање на државата и бескрупулозно предизвикување поделби.
„Заклучокот на Владата на Република Хрватска, врз основа на кој ја узурпираше организацијата на дочекот на хрватската ракометна репрезентација на плоштадот „Бан Јелачиќ“ во Загреб, е неуставен, незаконски и пиратски акт, чие донесување нема апсолутно никаква правна основа“, напиша претседателот на Фејсбук.
Тој изјави дека „од тоа неуставно и незаконско дејство на Владата произлезе незаконска употреба на полициска сила против комуналните служби на Град Загреб, на кои им беше спречено да ги остварат своите овластувања јасно пропишани со закон“.
Милановиќ притоа се осврна на фактот дека полицијата во центарот на Загреб денеска ги спречила комуналните редари да ја извршуваат својата работа, односно да го оградат просторот со лента, бидејќи владата не побарала ниту добила дозвола од Градот Загреб за собирот на плоштадот „ Бан Јелачиќ“.
„Владата на Хрватска изврши намерна деструкција на уставниот поредок, а претходно измисли законска основа за своите постапки и постапките на полицијата. Ваквите постапки на владата всушност ја узурпираат државата и бескрупулозно предизвикуваат поделба меѓу хрватскиот народ. Претседателот на Хрватската демократска заедница (ХДЗ), Андреј Пленковиќ, е одговорен за ова“, напиша Милановиќ.
Градоначалникот на Загреб, Томислав Томашевиќ, претходно денеска ја обвини Владата на Хрватска за институционално насилство и обид за соборување на демократски избраната влада во Загреб.
Тој оцени дека владата го крши Уставот и законите со организирањето на приемот на бронзените ракометари на главниот плоштад „Бан Јелачиќ“ во Загреб, каде што, и покрај забраната, ќе настапи контроверзниот пејач Марко Перковиќ Томпсон.
Иако мораше, владата не побара дозвола од Градот за собирот, а целиот настан доведе до големи поделби во општеството.
Хрватскиот ракометен сојуз (ХРС) синоќа го откажа приемот организиран од Градот Загреб, бидејќи градските власти не го исполнија барањето на ракометарите пејачот Томпсон да настапи на него, затоа што од претходно му е забрането да настапува во Загреб поради усташкиот поздрав „За дом спремни“.
Владата објави дека ќе организира прием во 18 часот на главниот плоштад во Загреб, бидејќи станува збор за настан „од национален интерес“. На плоштадот се очекува доаѓањето на Томсон и членовите на владата.
Некои правни експерти предупредија дека владата со таквото однесување го крши Уставот и поделбата на власта.
Градоначалникот на Загреб, Томислав Томашевиќ, исто така го обвини ХРС дека политички се усогласува со ХДЗ.
На власт во Загреб е зелено-левичарската коалиција „Можеме“ и Социјалдемократската партија, од која доаѓа претседателот Зоран Милановиќ, додека на власт на национално ниво се Хрватската демократска заедница на премиерот Андреј Пленковиќ и десничарското Татковинско движење.
МИА
Ново на Сител
-

Анализа на ФЗО: Вештачки колк чекаат над 650 пациенти – лани имало зголемен број на вакви операции
-

МОН финансира по 600 илјади денари за 14 македонско-австриски научни проекти
-

Муцунски: Постои желба во Брисел за стимулирање на дијалог меѓу Македонија и Бугарија
-

Определен 30-дневен притвор за Стефан Богоев и уште три осомничени лица
-

Македонско-грчки бизнис ИКТ форум во Скопје
-

Виртуелниот простор станува нова сцена за врсничко насилство
-

Побаран притвор за Стефан Богоев за поткуп од 1800 евра
-

Македонија меѓу петте најбрзорастечки економии во Европа
