Минатиот месец дури 39 проценти од жените и 29 отсто од мажите во Македонија користеле седативи
Марихуаната е најчесто користена дрога во Македонија. Мажите повеќе пијат пиво, а жените вино, цигари пуши секој втор човек во земјава.
Ова е заклучотот од најновото истражување на Институтот за јавно здравје. Загрижувачки се и податоците за користењето седативи.
Минатиот месец дури 39 проценти од жените и 28 отсто од мажите пиеле лекови за смирување. Вакви апчиња најчесто на своја рака земале и 14 насто од младата популација.
Покрај зголемената употреба на седативи, зголемување има и во користењето на дроги
- Употребата на илегалните дроги е околу 2% , но загрижува фактот што таа има тренд на пораст и е поврзана со возраста, такашто на 15 и 16г. возраст веќе околу 5% од децата искажале дека во дотогашниот живот пробале барем 1-2 пати марихуана, изјави асс. Д-р Шабан Мемети, директор на Институт за јавно здравје
Алармантните бројките за употребата на дрога, алкохол, цигари и седативи во земјава ги слушнаа и од министерството за здравство кои најавија дека ќе продолжат со превентивните програми, но не предложија конкретни мерки за подобрување на состојбата.
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
