Минчев на средба со СИГМА: Транспарентноста и ефикасноста клучни за јавната администрација

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, денеска оствари работна средба со Баграт Тунјан, претставник на СИГМА – заедничката иницијатива на OECD и Европската Унија, посветена на тековните активности и реформски процеси во областа на јавната администрација.
- Во фокусот на средбата беа унапредувањето на системот за Проценка на влијанието на регулативата (ПВР), подобрувањето на квалитетот на креирањето политики, јавните консултации и дигитализацијата на процесите, како и подготовката на нови методолошки и регулаторни решенија согласно Стратегијата за реформа на јавната администрација 2023–2030 и препораките на СИГМА - соопшти прес-службата на Министерството за јавна администрација.
Дополнително, велат од МЈА, се разговараше за потребата од понатамошна експертска и координативна поддршка во процесот на имплементација на препораките на СИГМА, подготовката на новиот Акциски план 2027–2030, како и за продолжување на активностите поврзани со Законот за организација и работа на органите на државната управа (ЗОРОДУ), преку инклузивен и транспарентен консултативен процес.
- Министерството за јавна администрација останува посветено на спроведување на суштински и одржливи реформи кои ќе придонесат кон поефикасна, покоординирана и професионална јавна администрација, усогласена со европските стандарди и потребите на граѓаните и институциите - се вели во соопштението.
Ново на Сител
-

Министрите ќе може да имаат двојно државјанство, предлог законот на СДСМ не помина во Собрание
-

Сиљановска: Не бараме привилегии од ЕУ
-

Опозициски прашања во Собранието
-

ВМРО-ДПМНЕ: Коалревиќ и Абази одработуваат за СДСМ и ДУИ
-

Поскапуваат горивата од полноќ, попустот од Окта веќе не важи
-

Финансиска полиција откри милионско затајување кај скопска фирма без специјализирана дејност
-

Годишен извештај на Ало Бушавко за 2025-та година: 19 деца сакале да се самоубијат или имале самоубиствени мисли
-

Преглед на вестите од светот
