Министерката Божиновска учествува на состанокот на министри за економија од Берлинскиот процес

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска учествува на состанокот на министри за економија од Берлинскиот процес во Лондон, каде од името на Република Македонија, ја потврдува нашата посветеност за активен ангажман во сите механизми на Берлинскиот процес, како и во рамките на Заедничкиот Регионален Пазар, соопшти попладнево Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС).
Еден од централните фокуси на состанокот е спроведувањето и унапредувањето на Акцискиот план за Заеднички Регионален Пазар (Common Regional Market 2025-2028), кој е клучен инструмент за остварување на слободен проток на стоки, услуги, капитал и работна сила во регионот, како и за поттикнување на конкурентноста и економската конвергенција со ЕУ.
- Нашата цел е да обезбедиме дека националните интереси и приоритети се инкорпорирани, дека реформите се спроведуваат по план, и дека придобивките од регионалната интеграција се почувствуваат од сите граѓани. Воедно, овој состанок претставува можност за размена на искуства, зајакнување на партнерствата, како и координација со меѓународни финансиски институции и други партнери кои можат да дадат поддршка за проекти што носат конкретни резултати. Наша заложба е овие иницијативи да се реализираат во конкретни политики и проекти, со транспарентност, ефикасност и фокус на одржлив развој, посочуваат од МЕРМС.
На состанокот се разговара и за поттикнување на инвестициите, особено во зелени и дигитални сектори, за јакнење на регионалната инфраструктура и поврзаноста помеѓу земјите (транспорт, енергетика, дигитална конективност), како и за по ддршка за реформски процеси, приближување кон ЕУ-регулативите и стандардите, со што се овозможува појасен и поодржлив пат кон евроинтеграцијата.
Берлинскиот процес претставува значајна платформа за соработка меѓу земјите од Западниот Балкан и европските партнери, со цел унапредување на регионалната интеграција, економски раст, подобрување на инфраструктурната конективност, како и приближување кон стандарди на Европската Унија.
МИА
Ново на Сител
-

Политички обвинувања за градење згради во Дубаи, но и за србофобија
-

Ѓорѓиевски: Наследивме катастрофални 40, а сега имаме 400 милиони денари на сметка на градот
-

Рекорден буџет и големи капитални вложувања за Центар во 2026
-

Наместо намалување, зголемување на пропишување на антибиотици – Фондот во 2026 со нова политика
-

Преглед на вестите од светот
-

Родителите на загинатите во Кочани прашуваат зошто нема анализи за присуство на цијанид во крвта кај жртвите?
-

Пратенички прашања во Собранието
-

Ѓорѓиевски: По наследеното катастрофално финансиско наследство, Скопје денес чекори кон стабилизација
