Министерството за правда ќе формира работна група за Изборниот законик

Претседателот на Собранието Африм Гаши заедно со потпретседателите и координаторите на пратеничките групи, оствариле работна средба со министерот за правда Игор Филков, на која се разговарало за Изборниот законик.
На средбата, како што соопшти собраниската прес-служба, било договорено Министерството за правда, до втората половина на јануари, да формира работна група која ќе пристапи кон подготовка на нов Изборен законик.
Во работната група ќе бидат вклучени по двајца претставници од парламентарните партии, како и независните пратеници.
Министерот Филков информирал дека измени на Изборниот законик беа изготвени од Министерството за правда во јуни 2025 година. Во нив беа инкорпорирани дел од препораките на ОБСЕ/ОДИХР.
Изборниот законик е законско решение кое од моментот на неговото донесување заклучно со овие избори има претрпено околу 40-на измени кои заради нивниот парцијален пристап создаваат неконзистентност на целиот закон.
-Овој процес ќе се одвива во Собранието и се очекува конструктивен дијалог од сите засегнати политички страни, но и од експертската јавност. Очекуваме дека ќе се финализира со политички консензус од сите пратеници, се додава во соопштението.
МИА
Ново на Сител
-

30 ученици на долготрајно лекување, успешно го завршија првото полугодие онлајн
-

Преглед на вестите од светот
-

30 ученици кои се на подолго лекување, успешно го завршија првото полугодие со онлајн настава
-

Филипче: 2026-та ќе биде кризна година, со покачени цени, ниски плати и закочени евроинтеграции
-

Мицкоски: СДСМ намерно сее паника и страв, следната година ќе враќаме нивни долгови
-

Коалиција Сите за правично судење: Судството стагнира во последните 4 години
-

Владата нема проблем со дислокација на цементарница Усје
-

Нови 120 возила за македонската полиција
