Мисајловски: За 7 отсто повеќе средства за модернизација на Армијата во 2025 година

Во 2025 година планираме зголемен буџетот на Министерството за одбрана и 37 проценти од овие средства или околу 8,5 милијарди денари да бидат насочени кон модернизација и опремување на Армијата што е за три милијарди денари повеќе од годинава, најави денеска министерот за одбрана Владо Мисајловски.
Предлог Буџетот за Министерството за одбрана за 2025 година, како што кажа, треба да биде 2,4 проценти од БДП од кои 37 проценти ќе одат за модернизација на Армијата или 7 проценти повеќе од досега.
-Зголемен буџет значи поголеми инвестиции во одбранбените капацитети и инвестиции во нова модерна опрема компатибилна со НАТО стандардите, рече Мисајловски на отчетот за 100 дена Влада и додаде дека реализацијата на буџетот на Министерството за одбрана за годинава е 73 проценти заклучно со 1 октомври.
Во моментов, додаде, повеќе проекти за модернизација се во фаза на реализација согласно предвидената динамика. Како што кажа, согласно побарувањата на Армијата во моментов во процес на набавка се лесни оклопни возила, оклопни транспортери, опреама за противвоздушна одбрана, хеликоптери, инженериски машини и опрема за останатите единици.
-Пред две недели добивме пакет помош од 13 милиони евра од ЕУ кој ќе се финансира во рамките на Европскиот мировен форум. Оваа помош опфаќа технологии поврзани со разузнавање, набљудување, извидување и електронско војување и комуникациско разузнавање, логистика и инженерска опрема, комуникации и информациски системи, како и обука за потребниот персонал, рече Мисајловски.
Од ноември, како што кажа, ќе бидат оперативни и двата хеликоптера Ми 8/17 кои беа на ремонт.
За време на кризната состојба со пожарите, како што посочи, во приправност беа преку 300 припадници на Армијата со два воздухоплови кои ќе бидат соодветно наградени со пренамена на средства. Со реалокација на средства, додаде, веќе се дел од структурите на Армијата 120-те лица кои биле упатени на стручно усовршување за офицери и подофицери и од нив се промовираа нови 28 поручници.
Ново на Сител
-

Протести во Прага поради планираното укинување на претплатата за чешките јавни медиуми
-

Од специјализирана продавница за „Покемон“ украдени карти во вредност од над 130.000 евра
-

Трамп бара од Конгресот дополнителни средства за модернизација на американскиот систем за контрола на воздушниот сообраќај
-

Следува променливо облачно и потопло време, од среда повремено силен јужен ветер
-

Изминатото деноноќие 15 пријави за семејно насилство во државава
-

Акциски контроли на подрачјето на Центар во Скопје, констатирани повеќе прекршошци
-

Седум ПП возила и 19 пожарникари гаснеле запалена барака во Жданец
-

Николоски: Охридскиот аеродром годинава ќе достигне помеѓу 370.000 и 400.000 патници наспроти предвидените 130.000 до 2030 година
